Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2016

Нејмар на Олимписките игри, но не и на Копа Америка

Нејмар ќе настапи за репрезентацијата на Бразил на Олимписките игри во Рио, но не ѝ на Копа Америка, соопшти Барселона.

Оваа информација Барселона ја објави по убедливата победа над Депортиво со 8-0. 
На овој натпревар Нејамр го постигна последниот гол и така му помогна на својот тим да ја заврши низата од четири натпревари без победа.
Нејмар порано изјави дека сака да игра за репрезентацијата на двата турнира, на Копа Америка и на Олимписките игри во Рио, а Фудбалскиот сојуз на Бразил бараше дозвола од клубот за тоа.
Меѓутоа Барселона не сакаше да остане без еден од своите најдобри играчи толку долго време, но исто така страхуваше од учеството на Нејмар на двете случувања дека може да влијаат на неговите припреми за следната сезона.
Фудбалскиот сојуз на Бразил и Барселона за Нејмар преговараа неколку месеци и конечно ја донесоа одлуката.
„Барселона е благодарна на Фудбалскиот сојуз на Бразил и на претседателот Марк Пол дел Нер, бидејќи го прифатија предлогот на клубот, Нејмар ова лето да игра само на Олимписките игри, но не и на Копа Америка“, се наведува во соопштението на каталонскиот клуб.
ФИФА не ги обврзува клубовите да мораат да ги ослободат фудбалерите за настап на Олимписките игри, што важи и за Копа Америка.
Олимписките игри ќе бидат одржани од 3-ти до 21-ви август, додека Копа Америка ќе се игра од 3-ти до 26-ти јуни во САД.

Најнови вести