Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2016

Бразил и Кутињо немилосрдни

Бразил ја затресе мрежата на Хаити седум пати и по бледиот старт се во позицијата да го освојат првото место во групата, а пак Перу ја испушти предноста против Еквадорците.

Немоќниот Хаити не можеше ништо да стори против Бразил. Бразил со седум погодоци стигна до првата победа на турнирот по слабото реми против Еквадор на стартот.
Првата фигура на натпреварот беше Филипе Кутињо со три постигнати голови, а Хаити навистина делуваше недораснато. Аугусто, Жонас, Габриел и Лукас Лима ја погодија мрежата на противникот, додека за Хаити голот го постигна Марселин, во тој момент резултатот беше 5-0 за фаворитите, потоа уште два пати ја затресоа мрежата на противникот за конечните 7-1.
Голманот на Хаити во главно беше набљудувач, Бразилците се речиси во четврт-финалето, а ако не загубат од Перу во последниот натпревар, ќе го освојат првото место во групата.
Во другиот дуел во Групата Б беше постигнат резултатот кој Бразил го посакуваше, реми на Еквадор и Перу. Перуанците рано поведоа со 2-0, Куева со убав погодок постигна предност, а Едисон Флорес ја дуплираше предноста на својот тим.
Се чинеше дека Перу ќе дојде чесно до триумфот, но напаѓачот на Вест хем, Енер Валенсија, имаше поинакви идеи.
До крајот на првото полувремето Валенсија ја намали предноста на Перуанците. Потоа Еквадор изедначи преку Милер кој ја искористи асистенцијата на Џеферсон Монтеро.
На крајот, двата тима беа задоволни со реми резултатот, Хаити е елиминиран, а во последното коло ќе биде познат расплетот. Бразил има далеку најдобра гол разлика, бод против Перу им го носи првото место во групата. Еквадор против Хаити ќе бара пласман во четврт-финалето, но и полесен противник ако како второпласиран влезе отиде во топ 8 фазата. 

Најнови вести