Фудбалерот на Олимпијкос Алан Пулидо (25) е ослободен по 24 часа откако беше киднапиран во родното Мексико.
Пулидо бил на одмор со девојката во градот Тамаулипас, а кога се враќале од една забава биле пресретнати од вооружени криминалци. Девојката ја пуштиле по неколку часа, додека Пулидо е ослободен по цел ден заробеништво, со акцијата преземена од мексиканските специјалци. Репрезентативецот на Мексико со полесни телесни повреди е префрлен во локалната болница каде му е укажана лекарска помош. Полицијата уапси еден од киднаперите, а споменатиот град е близу до границата со Тексас (САД) и е познат по насилство. Пулидо пред Олимпијакос играше за уште еден тим од Грција, Левадијакос, а кариерата ја започна во родното Мексико и Тигерес. Беше член на репрезентацијата на Светското првенство 2014 година во Бразил, а минатата сезона постигна шест голови на 13 настапи за великанот од Пиреја.
Поврзани вести