11.2.2014 Драконска казна за Ибишевиќ
Спортскиот суд на Германскиот фудбалски сојуз му изрече драконска казна од пет меча суспензија на Ведад Ибишевиќ, напаѓачот на Штутгарт, поради насилно однесување.
Ибишевиќ е казнет со суспензија на пет натпревари поради тоа што го удри во глава играчот на Аугсбург Јан-Ингвер Калсен-Бракер, во победата на гостинот од 4-1.
„Трчаше покрај мене, топката беше некаде на друго место и ме удри со раката во лице. Директно во вилицата и веднаш ми потече крв“, изјави Калсен-Бракер.
Во Штутгарт ја прифатија казната за својот најдобар стрелец, а „швабите“ лесно би можеле и сами да го суспендираат репрезентативецот на Босна и Херцеговина.
Ибишевиќ ќе ги пропушти дуелите со Хофенхајм, Херта, Ајнтрахт Франкфурт, Ајнтрахт Бамберг и Вердер Бремен. Тој оваа сезона постигна десет голови во Бундеслигата.
Штутгарт се наоѓа на 14-тото место на табелата на Бундеслигата само со два бода повеќе од Нирнберг, кој е најблиску до опасната зона.