18.8.2015 Челзи доведе засилување од Бундеслигата
Во неделата во центарот на вниманието беше дербито Манчестер сити – Челзи, па многумина ја пропуштија веста дека „сините“ го доведоа Абдул Баба Рахман.
Овој 21-годишен лев бек направи трансфер од германскиот Аугсбург, за кого претходната сезона одигра 31 натпревар.
Рахман е член на репрезентацијата на Гана и досега националниот дрес го носеше 11 пати.
„Среќен сум што потпишав за Челзи, еден од најголемите клубови на светот. Едвај чекам да тренирам со своите нови соиграчи и господинот Мурињо“, изјави Рахман.