06.2.2015 Нови проблеми за Борусија, повреда на Гроскројц
Кевин Гроскројц, дефанзивниот играч на Борусија Дортмунд, ќе паузира шест седмици поради повреда на бутниот мускул, со што дополнително е влошена состојбата на клубот кој е последен на табелата.
Дортмунд соопшти дека Гроскројц го скинал мускулот во поразот против Аугсбург во средата.
Гроскројц може да игра на повеќе позиции во тимот и поради тоа неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за екипата на Јирген Клоп.
На Борусија, која утре гостува кај Фрајбург, очајно ѝ е потребно да почне да победуваа за да побегне од дното на табелата.