Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2014

Баерн без Робен и Рибери

Баерн Минхен денес му гостува на Штутгарт во заостанатиот натпревар од 17-тото коло на Бундеслигата, а „баварците“ во дуелот ќе играат без Франк Рибери и Арјен Робен.

Натпреварот беше одложен поради учеството на Баерн на Светското клупско првенство одржано во декември минатата година во Мароко, на кое „баварците“ ја освоија титулата.
Рибери, кој не играше ниту во петокот на средбата со Менхенгладбах, има проблеми со мускулите. Робен, кој во тој натпревар во игра влезе во 78-мата минута, и понатаму закрепнува од повредата на коленото.
Под знак прашалник е и настапот на Марио Манџукиќ на тој натпревар.
Баерн Минхен е прв на табелата на Бундеслигата, дури и со еден натпревар помалку има десет бодови повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен, а 14 повеќе од третопласираната Борусија од Дортмунд.
Штутгарт се наоѓа на 12-тото место на табелата со 19 бодови, само три повеќе од Хамбургер, кој се наоѓа во зоната за испаѓање.
Дуелот меѓу Штутгарт и Баерн Минхен се игра вечерва од 20.30 часот на „Мерцедес-Бенц арената“.

Најнови вести