Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2016

Лев: Шпанија или Италија? Се гледаме само себе

Германските фудбалери изјавија дека се среќни поради добрата ефикасност и победата над Словачка.

Тие истакнаа дека им е сеедно кој ќе им биде противник во четврт-финалето од ЕП во Франција.
Германија се пласираше понатаму, откако без проблеми со 3-0 ја победи репрезентацијата на Словачка, а противник на Германија во следната рунда ќе бидат репрезентациите на Шпанија или Италија.
„Шпанците се благи фаворити, но Италија одигра неколку одлични натпревари. Имаме време да го анализираме противникот, кој и да биде, но пред сè треба да се гледаме себе и како да ја подобриме својата игра“, изјави селекторот, Јоаким Лев.
Стрелецот на водечкиот гол против Словачка, Џером Боатенг, изјави дека е среќен поради погодокот и поради победата.
„Чекав евентуално одбивање и имав среќа што топката се врати до мене. Среќен сум поради голот, но пред сè поради победата што е најважно“, изјави Боатенг.
Тој поради помала повреда на листот беше заменет во 72 –та минута. Како што рече, превентивно излезе од игра и лекарскиот тим на Германија ќе стори сè да биде подготвен за понатамошните натпревари. 
Марио Гомес, кој исто така беше стрелец, изјави дека на ЕП нема лесни натпревари.
„Не може да биде лесно на Европското првенство. Имавме среќа да погодуваме често, за разлика од претходните натпревари. Ова е прекрасно, чувството е одлично. Ваква победа ни дава голема самодоверба пред продолжувањето“, изјави Гомес.
Конечниот резултат го постави фудбалерот на натпреварот Јулијан Дракслер, кој изјави дека му е мило што имал придонес во победата.
„Ми беше тешко бидејќи не играв во претходниот натпревар, а сега добив шанса и мило и е што допринесов во тимот. Имаме конкурентен состав, така да не е проблем ако не играм натпревар или два. Се потрудив тоа да не ме погоди, тренирав многу и селекторот ме награди. Ми даде многу самодоверба и ми стави до знаење дека сум добар играч“, изјави Јулијан Дракслер. 
Противникот на Германија ќе биде познат по натпреварот меѓу Шпанија и Италија, кој ќе се одигра денес во 18:00 часот. 

Најнови вести