Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2014

Марио Гомес нема среќа, повторно се повреди

На Марио Гомес, напаѓачот на Фиорентина, му претстои пауза од три седмици поради оштетување на медијалниот лигамент на левото колено.

Само што се врати по паузата поради повреда, германскиот напаѓач доживеа нова повреда во победата (1-0) на својата екипа над Наполи.
„Виолетовите“ потврдија дека Гомес нема да игра во утрешната средба од Серија А против Милан.
„Фиорентина објавува дека играчот Марио Гомес вчера беше на прегледи кои ја потврдија повредата на левото колено здобиена во неделниот натпревар. Откриено е оштетување на медијалниот лигамент од прв степен. Играчот ќе мора да паузира најмалку една седмица пред повторно да му бидат направени анализи“, стои на интернет-страницата на италијанскиот клуб.
Гомес само што се врати по петмесечната пауза поради повреда на коленото, а новата би можела да го оддалечи од теренот уште три седмици.

Најнови вести