Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2017

Нов удар за Хал во борбата за опстанок

Фудбалскиот клуб Хал објави дека нема да може да смета на Куртис Дејвис во наредните осум седмици поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Повредата на Дејвис е нов удар за Хал во борбата за опстанок во Премиер лигата. Прво клубот го напуштија Роберт Снодграс и Џејк Ливермор, а на подолг период остана и без Рајан Мејсон, кој доживеа фрактура на черепот на натпреварот со Челзи. На Мејсон итно му беше извршена операција веднаш по натпреварот и вчера излезе од болница.
Дејвис се повреди само по осум минути игра во четвртото коло од ФА купот, во кое Хал беше поразен со 4-1 од Фулам.
Хал моментно се наоѓа на 19-тото место на табелата со 16 освоени бодови, два помалку од Свонси, кој е две позиции понапред, надвор од зоната за испаѓање.

 

Најнови вести