Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2018

Повредата на главата посилна од желбата – Мејсон ја заврши кариерата

Англискиот фудбалер Рајан Мејсон ја заврши кариерата поради повредата на главата која ја доживеа на 27-ми јануари минатата година.

Мејсон во дуелот меѓу Хал и Челзи доживеа фрактура на главата по судирот со Гери Кејхил, дефанзивниот играч на Челзи, и оттогаш беше надвор од теренот.
Неговата состојба беше влошена, па набрзо му беше извршена операција. Иако се очекуваше дека би можело да се врати на теренот, по повеќе од една година донесе одлука да ја заврши играчката кариера.
„Трпеливо закрепнував со надеж дека ќе можам да се вратам на теренот. За жал, по мислењето на специјалистот, донесов одлука да се повлечам поради природата на повредата“, соопшти 26-годишниот играч за врска.
Тој сениорската кариера ја почна во Тотенхем во 2008 година, а во меѓувреме неколку сезони поминуваше на заем во Донкастер, Милвол, Лориен и Свиндон, пред да направи трансфер во Хал во 2016 година.
За репрезентацијата на Англија одигра еден натпревар.

Најнови вести