Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2017

Робертсон од Хал потпиша за Ливерпул

Енди Робертсон, досегашниот фудбалер на Хал, вчера потпиша повеќегодишен договор со Ливерпул.

Ливерпул не ги соопшти деталите на договорот, а британските медиуми шпекулираат дека трансферот е вреден осум милиони фунти, плус дополнителни бонуси.
„Ова ми изгледа нереално, но сум воодушевен. Нема многу клубови каков што е Ливерпул“, изјави Енди Робертсон.
Тренерот Јирген Клоп со него ја пополни проблематичната позиција лев бек во екипата.
Робертсон во 2014 година од Данди јунајтед направи трансфер во Хал, за кого минатата сезона одигра 39 натпревари. Хал испадна од Премиер лигата и во претстојната сезона ќе игра во втората англиска лига - Шампионат.
Робертсон (23) е трето засилување на Ливерпул во летниот преоден рок, а пред него на „Енфилд роуд“ дојдоа Доминик Соланке и Мохамед Салах.

Најнови вести