Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2017

Јакуповиќ потпиша за Лестер

Елдин Јакуповиќ, голманот на Хал, по пет години го напушти клубот и потпиша договор со Лестер.

Шампионот на Англија во сезоната 2015/16 потврди дека 32-годишниот чувар на мрежата роден во Приедор дресот на „лисиците“ ќе го носи во наредните три сезони.
Медиумите од Островот пренесуваат дека Лестер за ангажирањето на искусниот голман одвоил два милиони евра.
Јакуповиќ минатата сезона одигра 22 натпревари и прими 36 гола.
Пред да доаѓањето во Англија, беше член на: Грасхоперс, Тун, Локомотив од Москва, Олимпијакос Волос и Арис.
Лестер денес попладне ќе игра против Вест Бромич во Хонг Конг, во натпреварот од ПЛ Трофејот на Азија, а на турнирот учествуваат уште Ливерпул и Кристал палас.

Најнови вести