Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2017

Холанѓаните избираат: Ван Хал, Куман или странец

Холандскиот фудбалски сојуз е во потрага по нов тренер откако селекторското место остана празно по отказот на Дани Блинд.

Националниот тим на Холандија имаше проблеми уште откако Луис ван Хал го одведе до бронзениот медал на последното Светско првенство. Пропуштеното Европско првенство во 2016 година и не толку пријатната ситуација во групата А во квалификациите за Светското првенство покажуваат дека ситуацијата е алармантна.
На прашањето дали да се врати Ван Хал е логичен потег, од Сојузот одговорија дека е можна и таа опција.
„Би можело да биде и технички директор, советник, но бараме и други експерти. Се надеваме дека ќе постигнеме договор со нов тренер, но ништо нема да биде одлучено во наредните седум дена. Бидејќи натпреварите се играат во јуни, ќе се потрудиме сè да биде завршено дотогаш“, изјави Декосо. 
Холанѓаните привремено ќе ги води Фред Грим, неодамнешниот селектор на репрезентацијата до 21 година.
„Листата на кандидати е прилично долга, дури и странци се во оптек. Роналд Куман без сомнение е способен, но знаеме дека има договор со клубот. Секако, холандскиот фудбал ќе тргне напред“, изјави Жан Пол Декосо.
Наредниот натпревар Холанѓаните го играат на деветти јуни, против Луксембург во Ротердам.
„Портокаловите“ се четврти во групата А во квалификациите со седум бодови од пет натпревари, со 13 помалку од Франција, со 10 од Шведска и со девет од Бугарија. Зад нив се само Белорусија со два бода и Луксембург со еден бод.

Најнови вести