Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2017

Куман: Ќе останев тренер на Евертон ако го доведев Жиру

Роналд Куман, поранешниот тренер на Евертон, изјави дека немало да добие отказ во клубот ако во летниот преоден рок успеел да го доведе Оливие Жиру.

Евертон во понеделникот го отпушти Куман поради лошите резултати, бидејќи екипата оствари само две победи во девет натпревари во Премиер лигата и се наоѓа во зоната за испаѓање, на 18-тото место со осум бодови.
Куман за холандските медиуми изјави дека во летниот преоден рок бил на чекор да го доведе Жиру, но дека францускиот напаѓач се премислил во последен момент. Евертон летоска остана без неговиот најдобар напаѓач Ромелу Лукаку, кој направи трансфер во Манчестер јунајтед.
„За малку не го доведовме Жиру. Тоа за нас ќе беше совршено, но тој во последен момент одлучи дека сака да остане во Лондон. Тоа беше тешко да се прифати, каде можевме да најдеме подобар напаѓач од него. Лукаку беше многу важен за екипата, не само поради головите, туку и поради начинот на игра, брз е, силен и директен“, изјави Куман за „Фудбал интернешенел“.
Евертон во летниот преоден рок потроши околу 150 милиони фунти на нови играчи.
„Лукаку го продадовме за 90 милиони, тоа беше наш рекорд, а Исланѓанецот Гилфи Сигурдсон го плативме половина помалку. Секако, тоа се многу пари, но во Англија работите во свет со поинакви цифри. Играчите овде чинат многу повеќе отколку што вредат. Така работи пазарот“, додаде Куман.

Најнови вести