Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Вотфорд по стапките на Лестер

Веројатно ни на сон не сонуваа дека ќе имаат четири победи во првите четири кола

Со победата од 2:1 над Тотенхем, екипата на Вотфорд остана во чекор со Ливерпул и Челзи како тимови со максимален број на бодови по првите четири кола во англиската Премиерлига. 

Лондонските Спарси поведоа со 1-0 на ова незгодно гостување кај омилениот тим на славниот пејач Елтон Џон, но потоа домашните со два гола постигнати со глава, направија пресврт, и на Тотенхем му го нанесоа првиот пораз сезонава.

Вотфорд покажа дека Тотенхем има проблем со скок-играта, ја доби битката во воздухот при двете клучни нафрлувања, фрлајќи ги во транс своите навивачи. 

Лестер во сезоната 2015/2016 направи чудо со освојување на титулата во Премиерлигата, а сега и во Вотфорд ако продолжат со победи, веројатно ќе почнат да веруваат оти успехот на Лестер може и тие да го повторат.

Интересно беше и во Барнли, но таму немаше неизвесност. Ромелу Лукаку со два гола ги постави конечните 2:0 за Манчестер јунајтед, но тренерот Жозе Мурињо нема да биде задоволен што Лукаку не реализираше уште барем двапати кога имаше листи прилики, Пол Погба утна пенал, а Маркус Рашфорд доби непотребен црвен картон. 

 

Најнови вести