09.8.2016 Челзи со понуда од 65 милиони фунти за Лукаку
Новиот менаџер на „сините“ Антонио Конте сака по секоја цена да го доведе напаѓачот на Евертон Ромелу Лукаки и подготви понуда од дури 65 милиони фунти за клубот од Ливерпул.
Евертон го купи Лукаку од Челзи пред две години за 28 милиони фунти, а „сините„ сега сакаат да вратат. Клубот од Ливерпул не сака да се откаже од напаѓачот и бара 68 милиони фунти па останува да се види кој ќе попушти.
Белгискиот напаѓач во дресот на Евертон има 104 настапи и 43 гола. Минатата сезона беше најефикасен во тимот со 28 голови.
Во случај на крајот да не дојде до овој трансфер Челзи има резервна варијанта – тоа е Мауро Икарди. Иако Интер порача дека Аргентинецот не е на продажба, Челзи верува дека можат да го доведе за 30 милиони фунти.