09.8.2017 Вотфорд донесе Бразилец за 11 милиони фунти
Бразилскиот фудбалер Ричарлисон потпиша петгодишен договор со Вотфорд, соопшти англискиот премиерлигаш.
Дваесет годишниот напаѓач во Вотфорд стигна од Флуминенсе за 11 милиони фунти според англиските медиуми.
За бразилскиот клуб Ричарлисон одигра 67 натпревари и постигна 19 голови, а за репрезентацијата на Бразил до 20 години има осум настапи и два гола.
Вотфорд новата сезона во Премиер лигата ја почнува на домашен терен против Ливерпул во сабота во 13:30 часот.