30.7.2013 Бразилскиот шампион Флуминенесе го менува тренерот
Бразилскиот фудбалски шампион Флуминенесе му се заблагодари на услугите на шеесетгодишниот тренер Абел Брага по разочарувачкиот старт во сезоната.
Четирикратниот бразилски шампион досега во девет одиграни кола собра само девет бодови и се наоѓа на 17-тото место, со девет бодови заостанување зад лидерот Крузеиро.
„Абел веќе не е тренер на Флуминенсе. Поради добриот однос меѓу клубот и тренерот, разделбата е обележана со многу емоции, но време е да ѝ се вдахне нов живот на екипата. Сакаме да пронајдеме замена до утре“, изјави Петер Сиемсен, претседателот на Флуминенсе.
Според бразилските медиуми, најголеми кандидати за наследник на Барга се: Вандерлеј Лушембурго, Неј Франко и Кристовао Борхес.
На клупата на Флуминенсе Барга беше од 2011 година, а во 2012 го одведе до шампионската титула.