Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2018

Роналдињо се збогува со фудбалот

Некогашниот најдобар играч на светот Роналдињо Гаучо дефинитивно одлучи да ја заврши играчката кариера.

Легендарниот Бразилец претходно соопшти дека сака да пронајде уште еден клуб пред да престане со активно играње фудбал до крајот на 2018 година, но се премислил и сега стави точка на одличното поглавје. Официјален натпревар нема одиграно уште од септември 2015 година, кога беше член на бразилскиот гигант Флуминенсе.
„Заврши со фудбалот. Сега сакаме да направиме нешто убаво по Светското првенство, односно проштална тура од Бразил, низ Европа до Азија“, изјави неговиот брат и менаџер Роберто Асис за „Глобо“.
Еден од најдобрите играчи во историјата на оваа игра, а можеби и најголемиот уметник меѓу фудбалерите, кариерата ја почна во Гремио, потоа беше член на ПСЖ пред да направи трансфер во Барселона, каде што ги достигна најголемите висини.
Од 2003 до 2008 година со Каталонците освои две шампионски титули на Примера лигата и Лигата на шампионите, а во 2005 беше прогласен за најдобар играч на планетата.
Играше уште за Милан, Атлетико Минеиро, мексиканскиот Керетаро и на крајот за Флуминенсе.
Со репрезентацијата на Бразил, за која настапи 97 пати и даде 37 погодоци, стана светски шампион на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја (2002).

Најнови вести