Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2018

Лукаку со предлог – Олстар-натпревар на Премиер лигата

Ромелу Лукаку на сите им даде интересна идеја за размислување. Напаѓачот на Манчестер јунајтед ѝ предложи на Премиер лигата одигрување на некој вид олстар-натпревар.

„Еве една идеја за вас. НБА има олстар-натпревар. Дали мислите дека Премиер лигата би можела да организира нешто такво? Северот против Југот? А навивачите да избираат... Што мислите?“, изјави Лукаку.
Можете да замислите каков би бил натпреварот.
Дали тимот составен од најдобрите играчи на Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул и Евертон би можело да ја победи екипата составена од најдобрите кои ги имаат екипите од Лондон?
Кого би го избрале да имате шанса да гласате за олстар-тимот на Премиер лигата? И кого би го предложиле за тренер на екипата?
Тука можеби би можело да се додаде и предизвикот за изведување слободни удари, а можеби и натпревар на легендите или на младите надежи?

Најнови вести