Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2012

И Тери на листата на повредени играчи

Џон Тери, капитенот на Челзи, е додаден на листата на повредени фудбалери и, најверојатно, нема да биде во комбинација за неделниот натпревар од ФА купот против Портсмут.

Тери веќе неколку седмици наназад се бори со болките во грбот, а беше и на медицински прегледи по натпреварот со Вулверхемптон, во понеделникот, кога неговиот тим победи со 2-1.
Репрезентативецот на Англија не тренираше со тимот еден ден пред победата над „волците“, а според неофицијални прогнози, тој би можело да отсуствува од терените најмалку две седмици.
Тренерот Андре Вилаш-Боаш во моментов се наоѓа во незавидна ситуација бидејќи покрај Тери, во одбраната го нема и српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ, додека Бразилецот Алекс е на пат да си замине од клубот.
Напаѓачот Даниел Стариџ, како и Французинот Флоран Малуда, исто така, нема да бидат во составот за натпреварот против Портсмут.

Најнови вести