Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2012

Кин на заем во Астон вила

Роби Кин, репрезентативецот на Ирска, ќе настапува за Астон вила како позајмен фудбалер од Лос Анџелес галакси до 25-ти февруари.

Триесет и едногодишниот Кин на почетокот на оваа седмица почна да тренира со новите соиграчи додека чекаше двата тима да се договорат, а своето деби би требало да го има уште во сабота, на дуелот против Евертон.
Интересно е што на тој натпревар ќе гледаме дуел на два соиграчи од Лос Анџелес, бидејќи во Евертон како фудбалер на заем ќе настапи Лендон Донован.
Кин уште во 1999 година беше блиску до потпис со Астон вила, кога уште беше член на Вулверхемптон, но поради проблемот околу трансферот тој тогаш заврши во Ковентри.
„Пред некој ден го видов голот на Тиери Анри, и тој беше фантастичен. Тоа го кажувам без оглед на тоа што сум менаџер на Астон вила. Бев воодушевен, а мислам дека би било одлично ако и Роби, исто така, би влијаел на нашата игра“, рече Алекс Меклиш.
Кин минатото лето замина во Америка од редовите на Тотенхем, а претходно беше на заем во Вест хем.

Најнови вести