Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2012

Вермелен се повреди

Денешниот натпревар од дваесеттото коло од Премиер лигата против Фулам Арсенал ќе мора да го одработи без повредениот белгиски дефанзивен играч Томас Вермелен.

Во саботната победа од 1-0 на свој терен над Квинс парк ренџерс Белгиецот го истегна мускулот на листот на десната нога и мораше да ја напушти играта во 54-тата минута.
Вермелен поради оваа повреда се очекува да биде надвор од терените најмалку три седмици.
Арсен Венгер на овој меч ќе биде и без младиот англиски репрезентативец Емануел Фримпонг, кого пред неколку дена го испратија на заем во Вулверхемптон.

Најнови вести