Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2013

Јанга-Мбива нов играч на Њукасл

Њукасл потпиша договор на пет и пол години со неодамнешниот играч на Монпелје, Мапу Јанга-Мбива.

„Чест е да се дојде во клуб каков што е Њукасл и навистина ми е мило што ќе имам шанса да заиграм во Премиер лигата“, им рече Јанга-Мбива на англиските медиуми.
Овој одбранбен играч има 23 години, а во досегашниот тек на сезоната за Монпелје одигра 25 натпревари.
Јанга-Мбива минатата година дебитираше за сениорската селекција на Франција, а досега забележа три настапи.
Неговата нова екипа, Њукасл, моментно се наоѓа на 16-тото место на табелата на Премиер лигата, само со два бода повеќе од тимовите коишто се наоѓаат во зоната за испаѓање.

Најнови вести