Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2014

Вардар ремизираше во Франција, Металург реди порази

Ракометарите на Вардар одиграа реми од 34-34 со Монпелје во Франција и освоија значаен бод, а македонскиот шампион Металург го претрпе и четвртиот пораз, овој пат од Кил со 42-27.

На гостувањето кај Монпелје, „црвено-црните“ беа пред првиот пораз оваа сезона во ракометната Лига на шампионите, но во последните шест минути од минус четири успеаја да ремизираат и да освојат бод, кој може да биде значаен во борбата за едно од првите две места во групата, коишто обезбедуваат полесен противник во наредната фаза од натпреварувањето.
Монпелје на крајот од првото полувреме го презеде водството и водеше сè до крајот на средбата, кога во последната минута Игор Карачиќ постигна погодок и со тоа изедначи на 34-34. Иако францускиот претставник во последната минута се обиде да возврати за освојување на двата бода, Арпад Штербик го одбрани ударот на Метју Гребиј.
Најефикасен играч на средбата беше Гребиј со 11 погодоци, а најдобри ракометари во екипата на Вардар беа Тимур Дибиров со девет и Карачиќ со осум погодоци.
По овој натпревар, Вардар веќе не е лидер во групата Ц, но останува непоразен со шанси за висок пласман.
Во Лигата на шампионите ќе има пауза од еден месец поради репрезентативни настапи, а во следната средба Вардар на домашен терен ќе игра против Веспрем кон средината на ноември.
Табела: Веспрем 8, Вардар 7, Монпелје 3, Рајн Некар 2 (натпревар помалку), Целје 2, Чеховски Медведи 0 (натпревар помалку).
Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, Металург, на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ беше убедливо поразен од Кил со 42-27 и по четири кола има исто толку порази.

Најнови вести