Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2013

Фарса во третата италијанска лига: Играчите на Ночерина го напуштаа теренот

Италијанскиот третолигашки натпревар меѓу Салернитана и Ночерина е прекинат само по 20 минути игра бидејќи гостите поради симулирани повреди останаа на шестмина играчи.

Пред почетокот на средбата на играчите на Ночерина нивните навивачи им се заканувале со смрт.
Дербито доцнеше 40 минути, а Ночерина своите три дозволени измени ги изврши во првите две минути.
Во следните 20 минути, петмина играчи, наведувајќи дека причината е повреда, го напуштија теренот, така што екипата остана на шестмина, што е под дозволениот минимум.
Италијанските медиуми пренесоа дека играчите на Ночерина поради заканите не сакале воопшто ниту да го почнат натпреварот.
На навивачите на Ночерина им било забрането да присуствуваат на средбата.