Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2014

Ночерина исфрлена поради симулирање повреди

Италијанскиот третолигашки клуб Ночерина е исфрлен од натпреварувањето поради лажирање повреди во дербито против Салернитана во ноември минатата година, кој беше прекинат во 20-тата минута.

Натпреварот против Салернитана, кој е игран во ноември минатата година, беше прекинат кога Ночерина ги искористи трите дозволени замени во првите две минути, а петмина играчи во наредните дваесет минути го напуштија теренот поради повреди, со што тимот остана под бараниот минимум од седум играчи.
Италијанската фудбалска федерација соопшти дека клубот е исфрлен во пониска лига поради спортски прекршок и дека е казнет со 10.000 евра.
„Ночерина е исклучена од Серија 3/Б поради спортска измама и ќе биде префрлена во некоја од ниските категории во Сојузната област“, наведено е во извештајот на дисциплинското тело на Италијанската фудбалска федерација.
Претседателот на Ночерина Луиџи Беневенто е суспендиран на три и пол години, заедно со генералниот директор Луиџи Паварезе и тимскиот лекар Џовани Росати.
Петмина играчи се суспендирани на една година, додека шестмина се ослободени од обвинението.
Навивачите на Ночерина пред спорниот натпревар со Салернитана бараа од играчите да не излезат на теренот, заканувајќи им се дури и со смрт.
Претседателот на Салернитана Клаудио Лотито, кој се наоѓа таа позиција и во Лацио од Рим, го спореди дербито на Салерно со нападот на Израел на Палестина.