Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2013

Лацио, Џенова и Лече под истрага заради местење на натпревари

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека против Лацио, Џенова и Лече, како и против осум фудбалери е покрената истрага поради вмешаност во местење на натпревари во сезоната 2010/11.

Меѓу фудбалерите кои се обвинети за „измама во спортот“ се Стефано Маури (Лацио), Омар Милането (Џенова) и тогашните првотимци на Лече, Масимилијано Бенаси, Стефано Ферарио и Антонио Росати.
Постојат сомнежи дека се наместени последните два натпревари на Лацио, во кои римскиот клуб прво ја победи Џенова дома со 4-2, а потоа со истиот резултат славел и на гостувањето кај Леќе.
Според обвинителството, на споменатите натпревари е заработено околу два милиони евра, а за поткупување на фудбалерите биле потрошени 600.000 евра.
Доколку се докаже дека се виновни, клубовите би можеле да бидат казнети со одземање на бодови за следната сезона, а фудбалерите ги чека суспензија.

Најнови вести