Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2013

Европол: Наместен натпревар во Лигата на шампионите одигран во Англија!

Европската полициска служба тврди дека открила 380 наместени натпревари низ Европа, меѓу кои е и еден на Лигата на шампионите одигран во Англија, но не нагласи кој.

Исто така, се местеле натпревари и во квалификациите за Европското и Светското првенство.
Ова е најголема полициска истрага на наместени натпревари во Европа досега.
„Во текот на последните 18 месеци Европол и пет европски земји водеа голема истрага на наместени натпревари во европскиот фудбал. Ова е најголема досега изведена истрага со која откривме разгранета криминална мрежа“, откри директорот на Европол, Роб Вајнрајт.
Тој нагласи дека за наместени натпревари се осомничени дури 425 судии, играчи и останати официјални претставници.

Најнови вести