Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2013

И Унгарците местеле натпревари, приведени 50 лица

Во Унгарија педесет луѓе се осомничени дека учествувале во местење 33 натпревари. Тие биле дел од меѓународната банда која вчера ја разби Европол, соопшти унгарската полиција за домашната новинска агенција МТИ.

„Педесет лица во Унгарија се осомничени за манипулација со резултатите на 33 фудбалски натпревари во аферата која се однесува на 380 меѓународни натпревари“, рече Бајан Немет, меѓународен полициски истражувач.
„Истрагата во Унгарија доведе и до одземање 320.000 евра во текот на десет претреси и до апсење на тројца играчи и четири судии“, изјави Немет за МТИ.
„Унгарците се вклучиле во меѓународната банда во 2010 година. Тие учествувале во организација на турнеи и патувањата и пренос на приходите, чиј износ бил од 40.000 до 60.000 евра по натпревар“, додаде Немет.
Се претпоставува дека бандата лажирала 380 фудбалски натпревари, вклучувајќи ги и Лигата на шампионите и квалификациите за Светскиот куп. Еден од сомнителните натпревари е и мечот одигран во 2009 меѓу Ливерпул и Дебрецен во Лигата на шампионите, кој заврши со резултат 1-0 за англискиот клуб. Бандата е разбиена во текот на најголемата истрага на сите времиња за местење натпревари, објави Европол.

Најнови вести