Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2015

„Слоновите“ нови шампиони на Африка

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска станаа нови шампиони на Африка, откако во финалето на Купот на африканските нации ја совладаа Гана по подоброто изведување на пеналите.

Херој на „слоновите“ е Бубакар Бари, кој го постигна одлучувачкиот пенал, а пред тоа го одбрани шутот на колегата Разак од Гана.
По 120 минути фудбал во Бати, немаше голови, а потоа екипата на Ерве Ренар победи со 9-8, по 11-тата серија од белата точка.
„Слоновите“ го освоија првиот трофеј на Купот на Африка по 23 години, кога речиси во идентична финална разрешница беа поуспешни од „црните ѕвезди“, исто така по пенали (11-10). Тоа беше и единствената титула на оваа селекција досега, а и Ренар стигна до втората, пред три години ја одведе Замбија до најголемиот успех.

Најнови вести