Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

КАН: Египет го потврди пласманот

Фудбалерите на Египет ѝ се приклучија на Гана во четврт-финалето на Купот на африканските нации во Габон откако синоќа во меѓусебната средба славеа со 1-0.

Египет е на првото место во групата Д со седум бода, еден повеќе од Гана. Во другиот натпревар синоќа, Мали и Уганда одиграа 1-1.
Египет славеше со голот на Мохамед Салах од слободен удар во 11-тата минута. Напаѓачот на Рома од околу 18 метри погоди со силен удар под пречката во средината на голот.
Гана имаше шанса во второто полувреме, но резултатот не се промени.
Мали имаше само теоретски шанси да победи, но Уганда поведе прва, кога Фарук Мија од работ на шеснаесетникот постигна гол во 70-тата минута. Тоа беше прв погодок на Уганда на шампионатот.
Мали изедначи само три минути подоцна од слободен удар кој го изведе Ив Бисума.
Познати се сите парови за четврт-финалето на Купот на африканските нации.
Во сабота, на 28-ми јануари играат: Буркина Фасо – Тунис и Сенегал – Камерун, а во недела, на 29-ти јануари на програмата се натпреварите: Конго – Гана и Египет – Мароко.

Најнови вести