Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2017

КАН: Египет по пенали во финалето

Фудбалерите на Египет се пласираа во финалето на Купот на африканските нации откако во полуфиналето ја победија Буркина Фасо по подоброто изведување на пеналите.

По 120 минути игра, резултатот беше нерешен 1-1. Египет поведе со голот на Мохамед Салах во 67-мата минута, а пет минути подоцна изедначи Аристид Бансе.
Прашањето кој ќе биде победник е решено по пеналите, а резултатот беше 4-3.
Јунак на Египет беше 44-годишниот голман Есам Ел-Хадари, кој во последните две серии ги одбрани ударите на Кофи Куаку и Бертран Траоре.
Египет сега ќе се бори за неговата осма титула најдобра селекција на Африка.
Во другото полуфинале денес ќе се сретнат Камерун и Гана.
Финалниот натпревар на Купот на африканските нации на програмата е во недела.

Најнови вести