Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2014

Салах сепак нема да служи во египетската војска

Фудбалерот на Челзи, Мохамед Салах, нема да се врати во Египет за да го отслужи воениот рок.

Салах, кој на „Стемфорд бриџ“ стигна во јануари од Базел за околу 14 милиони евра, доби виза за престој во Англија поради учество во една образовна програма.
Но, поради тоа што Салах се отпишал од факултетот, одлуката е поништена од страна на Министерството за високо образование на Египет.
По состанокот меѓу Фудбалскиот сојуз на Египет, стручниот штаб на репрезентацијата и Министерството за високо образование е одложено враќањето на Салах во Египет, па тој нема да мора да го отслужи воениот рок во Египет, од кој се ослободени само студентите.
Салах има договор со Челзи до 2019 година каде дојде во јануари годинава од швајцарскиот шампион Базел за 11 милиони фунти и на 11 одиграни натпревари постигна два гола.

Најнови вести