22.1.2017 Гана во нокаут фазата, Египет подобар од Уганда
Репрезентацијата на Гана го потврди своето место во нокаут фазата на Купот на африканските нации откако го победи Мали со 1-0 во второто коло од групата Д.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Асамоа Гиан во 21 минута.
Гана и во првото коло славеше со 1-0 против Уганда.
Египет во вториот натпревар од групата Д ја победи Уганда со 1-0 и со тоа се приближија до пласманот во втората фаза на турнирот. Стрелец на победничкиот гол беше Абдалах Ел Саид во 89-ата минута.
Репрезентацијата на Гана е прва на табелата со шест бода, Египет има четири, Мали еден вод, а Уганда е без бодови.
Во последното коло се среќаваат Египет и Гана односно Мали и Уганда. За пласман на Египет му е потребен бод, а шанса има и Мали.