Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

Сенегал и Тунис го исфрлија Алжир од КАН

Еден од фаворитите на овогодишниот Куп на африканските нации, селекцијата на Алжир е елиминирана уште во групната фаза на турнирот.

Алжир ремизираше 2-2 со Сенегал во последното коло од групата Б и со тоа го заврши настапот само со два бода.
Ислам Слимани два пати им донесе водство на „пустинските лисици“ во Франсвил, но Папа Диоп и Муса Соу изборија бод за Сенегал и го заверија првото место.
Напаѓачот на Лестер на 15 минути пред крајот на средбата го пропушти зицерот за хет-трик и чесно збогување на Алжир со победа од турнирот во Габон.
До втората позиција и пласман во четврт-финалето стигна Тунис со убедливи 4-2 против Зимбабве, постигнувајќи ги сите четири гола во првите 45 минути од натпреварот во Либрвил.
Тунис на тој терен ќе го игра и четврт-финалето против Буркина Фасо, додека Сенегал го очекува дуел со Камерун во Франсвил.
Двата натпревари на програмата се на 28-ми јануари.

Најнови вести