Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2017

Мане повторно ја чувствува повредата, се врати во Ливерпул

Садио Мане, првотимецот на Ливерпул, по првата победа над Јужна Африка, го напушти националниот тим на Сенегал бидејќи почувствувал дека повторно има проблеми со задниот дел на бутниот мускул.

Фудбалерите на Сенегал победија во заостанатиот натпревар како гости во Јужна Африка со резултат 2-0 и обезбедија место на Светското првенство.
„По натпреварот со Јужна Африка, на десетти ноември во Полокване, Мане се пожали на старата повреда. По консултациите со лекарските тимови на Сенегал и на Ливерпул, донесена е заедничка одлука Мане да се врати во клубот, каде што ќе го продолжи закрепнувањето“, се наведува во соопштението на Сојузот.
Мане во текот на последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство ја повреди тетивата, по што беше на подолга пауза. На теренот се врати во натпреварот на Ливерпул против Вест хем.
„Загрижувачки е тоа што повторно му се појави болката. Треба да ја одредиме терапијата бидејќи не сме сосема сигурни во што е проблемот. Константно бевме во комуникација со тимот на Сенегал со намера да се заштити играчот. Го цениме тоа колку им е битен и колку му е нему важно да ја претставува неговата земја“, изјави Јирген Клоп, менаџерот на „црвените“.

Најнови вести