Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Лудница во Африка: 40.000 публика, а стадионот собира 25.000

Навивачи се качуваа на рефлекторите, на семафорот, а илјадници стоеја на атлетската патека.

Натпреварот од квалификациите за африканскиот Куп на нациите помеѓу Гамбија и Алжир се одигра во услови кои се тешко замисливи во Европа, но се толерираат на Црниот континент. Иако трибините на стадионот во Банџула собираат 25.000 луѓе, мечот го гледаа дури 40.000. 

Публика имаше буквално насекаде. Најмногу на трибините, како што е редот, но навивачи имаше и на оградата, покрај теренот на атлетската патека, на рефлекторите, на семафорот. 

Алжирците не сакаа да играат, но подоцна попуштија и излегоа на терен, откако добија закана од Африканската фудбалска федерација дека може да добијат казна. Пред мечот, наместо химната, на Алжир му беше пуштена поп-песна. 

Средбата почна со доцнење од еден и пол час, а заврши со резултат 1-1. Најчудно е што главниот судија е астматичар и користеше инхалатор. Овие работи ги нема во модерниот фудбал, но затоа во Африка има посебна убавина овој спорт. 

 

Најнови вести