Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2013

Дрогба не е повикан во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска

Сабри Ламуши, селекторот на Брегот на Слоновата Коска, го изостави Дидие Дрогба од тимот за натпреварот со Гамбија во квалификациите за Светското првенство 2014 година.

На списокот има 28 играчи, а меѓу нив не е напаѓачот на Галатасарај, кој во последно време има одлични партии во дресот на турскиот тим.
Дрогба беше во составот на Галатасарај кој минатата недела го победи Шалке во осминафиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат од 4-3.
Селекцијата на Брегот на Слоновата Коска во сабота во Абиџан ќе игра со Гамбија.
Во квалификациската група Ц сите екипи одиграа по два натпревари. Брегот на Слоновата Коска е прв на табелата со четири бодови, Танзанија има три, два собра Мароко, додека Гамбија освои само еден бод.

Најнови вести