Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2016

Ван Перси јунак на истанбулското дерби

Ветеранот Робин ван Перси со двата гола му ја донесе победата на Фенербахче во најголемото дерби на турскиот фудбал со Галатасарај. Фенер на својот стадион славеше со резултат 2-0.

Холанѓанецот, кој пред две седмици доживеа незгодна повреда на окото, му донесе предност на домаќинот со погодокот во последната минута од првото полувреме, по асистенцијата на Шенер Озбајракли.
Во продолжението Фенербахче уште еднаш ја затресе мрежата на големиот ривал, и тоа во 78-мата минута, кога Ван Перси беше прецизен од 11 метри.
Кога е во прашање месецот ноември, јасно е дека Фенербахче беше доминантен во дербијата со Галатасарај во сите спортови.
На табелата на турската Суперлига, прв е актуелниот шампион Бешикташ со 26 бодови, Истанбул има еден помалку, Фенербахче е трет со 21, Галатасарај е петти со 20 бода.

Најнови вести