Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2016

Еменике од Фенербахче се сели во Лондон

По неуспешните преговори меѓу Вест хем и Галатасарај околу трансферот на Бурак Јилмаз, „чеканите“ се одлучија за поевтин напаѓач.

Имено, Славен Билиќ ни во овој преоден рок не успеа да го доведе турскиот напаѓач, Галатасарај бараше 10 милиони евра, додека клубот од Лондон понуди 7 милиони.
На местото на Јилмаз, на Вест хем ќе му се придружи Емануел Еменике од Фенербахче. Играчот од Нигерија доаѓа како позајмен играч и се очекува во следните 24 часа да ги помине лекарските прегледи. Турците и Англичаните веќе се договорија околу висината на обесштетувањето доколку Вест хем би сакал да ја продолжи соработката со Еменике на крајот од сезоната.
Во текот на зимскиот преоден рок, клубот од истокот на Лондон веќе го доведе Сем Бајрам од Лидс за 5 милиони евра.

Најнови вести