Корисничко име Лозинка Пријави се
16.12.2011

Ето суспендиран на седум меча од репрезентацијата

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Камерун го суспендира Самуел Ето на седум натпревари поради одбивање да игра на пријателскиот натпревар против Алжир.

Камерунските медиуми пренесуваат дека поради истите причини и заменик-капитенот Ејонг Ено ќе биде суспендиран на четири меча, а Беноа Асу-Екото на три меча за националниот состав.
Ѕвездата на камерунската репрезентација Ето, сегашниот член на Анжи, изјави дека ќе ја почитува одлуката на комисијата во која претседаваше Сали Дахиру.
Камерун го откажа пријателскиот натпревар со Алжир поради тоа што домаќинот побара оштета од 770.000 евра.
Ето, еден од најдобрите напаѓачи на светот и поранешен член на Интер и Барселона, за Камерун одигра 109 натпревари и постигна 54 голови.

Најнови вести