Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2015

Халилхоџиќ ја презема Јапонија

Фудбалската федерација на Јапонија соопшти дека постигнала договор со Вахид Халилхоџиќ и дека босанскиот стручњак ќе ја преземе националната репрезентација на таа земја.

Договорот се очекува да биде официјализиран на 12 март на седницата на Управниот одбор на Федерацијата. Според јапонските медиуми Халилхоџиќ годишно ќе заработува 2,2 милиони долари.
Претходниот селектор на Јапонија, Мексиканецот Хавиер Агире, минатиот месец доби отказ поради неговата вмешаност во скандалот со наместени натпревари во Шпанија.
Шеесет и двегодишниот Халилхоџиќ во текот на кариерата, меѓу другите, беше тренер на Лил, Рен и ПСЖ, како и селектор на Брегот на Слоновата Коска и на Алжир.
Минатото лето со Алжир направи изненадување на Светското првенство во Бразил кога ја одведе екипата до осминафиналето каде по продолженија загуби од Германија со 2-1.

Најнови вести