Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2017

Осум репрезентации веќе се пласираа на Мундијалот

Квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година се при крај, а сега веќе се познати осум учесници на Мундијалот.

Место во Русија обезбедија: Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија (Азија), Белгија, Русија (Европа), Мексико (КОНКАКАФ) и Бразил (Јужна Америка).
Азиските квалификации се при крај, останува само третопласираните екипи од двете азиски квалификациски групи, Австралија и Сирија, во меѓусебен дуел да одлучат кој ќе му биде ривал на четвртопласираниот тим од КОНКАКАФ-зоната (Северна и Централна Америка и Кариби). Мексико од таа група веќе отиде на Мундијалот на две кола пред крајот, додека за преостанатите места се борат Костарика, која не може да биде под четвртото место, како и Панама, САД и Хондурас.
Океанија во плејофот ќе ја претставува Нов Зеланд, меѓутоа шансите да се најде на Светското првенство се минимални бидејќи за ривал во плејофот ќе има екипа од Јужна Америка, а во овој момент тоа е Аргентина.
Кога е во прашање Европа, единствено Белгија ја заврши работата во квалификациите, додека Русија како домаќин автоматски се квалификува на Светското првенство. Уште неколку репрезентации, како Србија, Германија, Шпанија, Португалија, тешко можат под второто место, но сè уште е неизвесно дали ќе одат директно на Мундијалот или пласманот ќе мора да го бараат преку баражот.
На Првенството во Русија (14-ти јуни – 15-ти јули 2018) ќе играат 32 репрезентации. Европа ќе има 14 претставници (девет првопласирани плус четири од баражот, плус домаќинот Русија), Јужна Америка четири сигурни плус еден преку бараж, КОНКАКАФ три сигурни плус еден преку бараж, Африка пет, Азија четири сигурни плус еден преку бараж, Океанија еден преку бараж.

Најнови вести