Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Кадетите сигурни против Белгија

Кошаркарската репрезентација до 16 години ја забележа првата победа на Европското првенство (Б дивизија)

По поразот од Русија по првото коло, кадетите одиграа одличен натпревар против белгиската репрезентација, забележувајќи го првиот триумф со 80:68, во групната фаза од ЕП за играчи до 16 години.

Нашата селекција прва направи иницијатива, па веќе по првите 10 минути полека ја преземаа контролата и врз мечот. До паузата веќе имавме високи 49:32, и се чинеше дека Македонија многу лесно ќе стигне до првиот триумф на шампионатот.
Сепак, Белгијците предводени од нивниот најдобар поединец, Тајс Де Ридер, успеаја некако да ја вратат неизвесноста во третата четвртина, освојувајќи ја со 28:16. Меѓутоа, нашите кадети и натаму ја чуваа предноста, па во завршните минути немаше некакви поголеми изненадувања.

Од составот на Александар Јованчев дури четворица кошаркари завршија со двоцифрен број на поени, од кои најефикасен беше Андреј Андоновски, оствари дабл-дабл учинок со 22 поени и 10 скока. Лука Савиќевиќ исто така имаше дабл-дабл учинок со 17 поени и 10 асистенции, додека поп 10 поени забележаа Мирковски и Миловановиќ. Де ридер за Белгија заврши со 27 поени и 11 скока, додека втор двоцифрен кошаркар беше Марлон Маква, со 11 поени.

Најнови вести