Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2018

Дерби во кое никој не сака да победи

Последниот ден од групната фаза на Светското првенство ќе го одбележи дербито во групата Г меѓу Англија и Белгија.

Англичаните и Белгијците имаат по шест бодови, но во суштина никому не му се оди на победа, а причината е што првото место веројатно нема да донесе полесен ривал во осминафиналето.
Групата Г вкрстува во групата Х во која ќе има многу драма во последните два натпревари. Јапонија и Сенегал имаат по четири бодови, а трета е Колумбија со три.
Јасно е дека желбата е да се избегне Колумбија, а тоа ќе се знае до стартот на натпреварот меѓу двете европски репрезентации.
Поради овој факт се очекуваат многубројни замени во двете селекции, дали поради тактички причини, дали поради одмарање на главните фудбалери.
Скоро е извесно дека најдобриот стрелец на Белгија, Ромелу Лукаку, нема да настапи, а можно е и Англија да го одмара првиот стрелец на првенството Хари Кејн.
На другиот натпревар Тунис и Панама ќе играат за чест и за првите бодови.

Најнови вести