Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2018

Мбапе се поигра со Русите за триумф на Франција

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе двапати ја погоди мрежата за победа на Французите со 3-1 во пријателскиот натпревар со Русија, а Украинците беа подобри од Јапонија со 2-1.

„Триколорите“ беа подобриот противник и тоа го потврдија во 40-тата минута, кога Мбапе ја избегна замката од офсајд и го искористи додавањето на Погба за да го доведе во водство неговиот тим.
Пол Погба, асистентот кај првиот гол, во 49-тата минута и самиот се запиша во листата на стрелците од слободен удар, кога зголеми на 2-0.
Дваесетина минути подоцна, Русите си ја вратија надежта со голот на Фјодр Смолов, кој на другата статива го дочека додавањето на Смолников.
Потоа Мбапе по втор пат стапи на сцената во 83-тата минута. Со вистинска минијатура во казнениот простор, Мбапе прво го отстрани Нојштетер, а потоа низ нозе му ја испрати токата на Лунев за 3-1, со што го постави конечниот резултат на натпреварот.
Украина, на речиси празниот стадион во Белгија, поведе со автоголот на Наомичи Удеа во 21-вата минута, дваесет минути подоцна изедначи Томоаки Макино, а победата на Украинците им ја донесе Олександер Караваев во 69-тата минута.
Фудбалската репрезентација на Јапонија победи само во два од последните седум натпревари и одигра слаба партија против селекцијата која не се квалификува на Мундијалот во Русија.
Јапонија на Светското првенство во Русија ќе игра во групата со Колумбија, Сенегал и Полска.

Најнови вести