Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Играч на Лејкерс си плати за да игра за репрезентацијата

Повеќето НБА играчи бараат начини како да одбијат играње за татковината, но Михаљук по секоја цена сака да игра за Украина

Свјатослав Михаљук кој е член на Лос Анџелес лејкерс, реши сам да си го плати осигурувањето, и да игра за репрезентацијата на Украина во квалификациите за Светското првенство 2019. 
Додека повеќето НБА играчи бараат изговори и начини како да избегнат играње за своите репрезентации, примерот на 21-годишниот Михаљук докажува дека има и патриоти кои по секоја цена сакаат да и се оддолжат на земјата во која би направиле првите кошаркарски чекори.
Михаљук кој кариерата ја почна во клубот Черкаски Мавпи за кој во минатото играа и неколку Македонци, а потоа четири сезони играше на колеџ во САД, годинава беше 47-ми пик на драфтот и ќе му биде една од резервите на Леброн Џејмс на позицијата ниско крило.  
Украинците во септемврискиот циклус ќе се сретнат на 13 септември со Шпанија во Киев, и три дена подоцна со Црна Гора во Никшиќ. Во составот на Украина ќе биде и Алекс Лен, кој откако замина во САД во 2011 година, никогаш немаше играно за својата земја. 

 

Најнови вести