Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2013

Дешамп: Не очекувам дека Украина ќе се брани

Во фудбалска репрезентација на Франција ги мобилизираа сите сили за да може во денешниот возвратен доквалификациски натпревар против Украина да го надополнат заостанувањето од 0-2 од првата средба.

Пред реваншот на „Стад де Франс“, Дидие Дешамп вели дека неговите играчи тренирале уште поинтензивно, што значи дека се многу мотивирани.
„Да, се чини дека работеа поинтензивно. Тоа е логично по многуте разочарувања, но нема време за размислување околу тоа. Мора да се префрлиме на она што нè чека денес. Сè е можно. Ризикот постои, а тоа ќе биде посебен натпревар“, изјави Дешамп.
На прашањето дали има намера да ја промени напаѓачката постава бидејќи и Оливер Жиру и Карим Бензема пропуштија да постигнат погодок во првиот натпревар, Дешамп изјави:
„Не размислувам на тој начин, иако постои можност. Ќе бидеме спремни, но планот кој ќе стартува, може да се донесе во последен момент. Очигледно дека идеално сценарио би било брзо да постигнеме гол, но нема да бидеме нестрпливи. Поради тоа треба да сме подалеку од луди потези и да пронајдеме баланс. Не очекувам дека Украина ќе се брани, па мора да најдеме сила да нападнеме, но и да се браниме“.

Најнови вести